14
Монтирање на метличките за
мешање (месење)
Исклучете го апаратот од електричната
мрежа.
Ставете го врвот на левиот продолжеток (со
поголема, сива пластична ознака ) во
поголемиот отвор на апаратот. Лесно
притиснете го и завртете, додека не слушнете
дека е наместен во лежиштето.
Потоа ставете го врвот на десниот
продолжеток (со помала, бела пластична
ознака) во помалиот отвор на апаратот.
Лесно притиснете го истиот и завртете додека
не слушнете дека е наместен во лежиштето.
Вадење на приклучните елементи
Исклучете го апратот од електричната мрежа
Притиснете го копчето за вадење на
приклучните елементи.
Повлечете ги приклучните елементи од
отворите.
Употреба
1.
Садот ставете го на место и притиснете го
носачот на миксерот додека не се заклучи
(Слика 1).
2.
Ставете ги метличките за мешање или
месење во отворот (Напомена: ставете го
додатокот за мешање/месење со запчаникот
во десниот отвор на миксерот (слика 2).
3.
Поставете го миксерот на носачот (слика 3).
4.
Кога сакате да го откачите миксерот од
носачот притиснете го копчето за
одвојување на миксерот од основата (слика
4).
5.
По употребата, прво исклучете го миксерот
од електричната мрежа. Притиснете го
копчето за отпуштање на метличките и
извадете ги од миксерот. (слика 5).
6.
Кога го подигнувате носачот на миксерот,
притиснете го копчето за ослободување на
носачот (слика 6).
7.
Ако сакате поголема брзина, притиснете го
»TURBO« копчето или ставете во позиција
»M« (»1« ali »10«).
Чистење и одржување
Пред чистењето, секогаш извлечете го
гајтанот од штекерот!
Миксерот избришете го со влажна крпа. Не
потопувајте го во вода и не чистете го под
чешма!
Не употребувајте груби средства за чистење!
Приклучоците на миксерот исто така можете да
ги измиете со крпа и со неабразивни средства
за чистење.
Апаратот не бара посебно одржување.
ЖИВОТНА СРЕДИНА
Не го фрлајте на апаратот во нормален
домашен отпад,туку во официјална колекција
наменета за рециклирање. Со ова, вие
помагате да се зачува животната средина.
ГАРАНЦИЈА И СЕРВИС
Ако ви требаат информации, или ако имате
проблем, Ве молиме контактирајте го Gorenje
центарот за грижа на корисници во вашата
земја (види телефонски број во меѓународната
гаранција). Ако вашата земја нема таков
центар, контактирајте го вашиот локален дилер
или Gorenje, Gorenje делот за мали апарати за
домаќинство.
GORENJE
ВИ ПОСАКУВА ГОЛЕМО
ЗАДОВОЛСТВО ПРИ УПОТРEБАТА
НА ВАШИОТ АПАРАТ!
Го задржуваме правото на промени!
БРЗИНА
ОПИС
1
МЕСЕЊЕ
Ова е почетна брзина за мешање на
густа и сува храна (брашно, путер,
пире од компири)
2
МЕШАЊЕ
Најдобра брзина за мешање на
течни состојки и спремање на
преливи за салата.
3
МАТЕЊЕ
За спремање на колач, колачи и
леб.
4
МАТЕЊЕ
За спремање на крем од путер и
шеќер, непечени десерти, кремови,
итн.
5
МАТЕЊЕ
За матење на јајца, шеќерни
глазури, шлаг, течна сладка павлака
итн.
M
ПУЛС
Максимална »TURBO« брзина.