12
УПАТСТВА ЗА УПОТРЕБА МК
Внимателно прочитајте ги овие упатства.
Чувајте ги за да ги користите и во иднина.
1. Копче за вклучување/исклучување,
брзина и импулсна брзина
2. Копче за отпуштање на додатоците за
матење и месење
3. Погонска единица
4. Метлички за матење
5. Cад
6. Метлички за месење
7. Основа
8. Копче за одвојување на миксерот од
основата
9. Копче за ослободување на носачот на
основата
10. „TURBO“ копче
Намена
Апаратот е наменет за домашна употреба во
домаќинството! Употребувајте го за мешање,
месење, матење и за пасирање.
Важни безбедносни упатства
Апаратот соодветствува на
признаените технички правила, како и
на важечките безбедносни прописи за
електричните апарати. Поправките на
електричните апарати може да ги
изврши само стручњак.
Производителот не одговара за
можната штета настаната како
последица на непрописна употреба
или на погрешно управување.
Корисникот на апаратот задолжително
треба да ги почитува следниве
предупредувања:
При приклучување и ставање во
погон, задолжително почитувајте ги
следниве податоци наведени на
натписната табла. Проверете дали
напонот и фраквенцијата му
одговараат на апаратот!
Не приклучувајте го апаратот ако е
оштетен приклучниот кабел или,
пак, апаратот.
Во случај на дефект, исклучете го
апаратот од електричната мрежа.
Секогаш исклучете го апаратот од
електричната мрежа кога не го
употребувате или кога ќе завршите
со работа.
Приклучните кабли:
не провлекувајте ги покрај
жешки места за готвење или
покрај отворен оган,
не провлекувајте ги низ остри
рабови,
не употребувајте ги за
пренесување на апаратот.
Ако приклучниот кабел се оштети,
можете да го замените само во
овластен сервис.